Thursday, December 13, 2012

Глаголица


Macedonian language in old cyrillic .svg
„Слогница речовска“



Глаголското писмо или глаголица (старословенскиКѷрїлловицаThe Church Slavonic name of the Glagolitic script on Glagolitic.svg) е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.
Името доаѓа од старословенскиот збор глаголи, што значи „зборува“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“ за оваа азбука.
Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите шашта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.
Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европакому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.
Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источнитефранкски свештеници и затоа, во 862 побарал од византискиот император да му прати дваjца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).
Во 886, источнофранкскиот бискуп на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царотБорис I да ги образуваат свештениците на словенски јазици. Пои прифаѓањето на христијанството бо Бугарија во865, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмои и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.
Одтаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска и Далмација, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.
Некои од студентите на охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10-тиот и 11-тиот век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.
При крајот на 9-тиот век, во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа е создаденаКирилицата од страна на Константин Брегалнички-Преславски. Мора да се потенцира дека кирилицата НЕ е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.
Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.
Името „глаголица“ на чешки е hlaholice, на словачки hlaholika, на полски głagolica, на рускимакедонски и бугарски глаголица, на хрватски glagoljica, наукраински глаголиця, на белоруски глаголіца, на словенечки glagolica,на српски глагољица/glagoljica итн.



No comments:

Post a Comment